На социјалните мрежи кружи снимка од свадба, која предизвика лавина реакции. Многумина коментираа дека откако ја гледале снимката, им биле потребни шеќер и вода за да „се опорават од шокот“.
Границата помеѓу учтивост и непристојноста знае да биде многу тенка во некои ситуации – како што е случај со оваа снимка.
Во западните култури, добро познат обичај е соблекувањето на жартиерата (подвезицата) со забите за време на свадбените прослави. Невестата седи на столче, а младоженецот клекнува пред неа и се обидува да ја соблече жартиерата со забите. Иако се работи за традиција, понекогаш оваа сцена може да делува премногу интимна, па дури и несоодветна во присуство на гости, бидејќи асоцира на нешта што припаѓаат на спалната соба.
Во овој случај, жартиерата беше многу високо над коленото, па возбудениот младоженец предизвика реакции на корисниците на Икс кои ја опишаа снимката како „премногу перверзна“.
„Ова е вистинска Содома и Гомора!“
„Боже, луѓе оставете нешто и за спалната соба! Вашите роднини се тука, зарем немате срам?“
„Не можам да замислам да го направам ова пред моите родители.“
Сепак, имаше и такви кои рекоа дека обичајот не треба да се толкува сексуално, бидејќи станува збор за добро позната свадбена традиција.
Како изгледа овој обичај?
За време на свадбата, младоженецот клекнува пред невестата, која седи на столче, и се обидува да ја соблече жартиерата од нејзината нога со забите – без да ги користи рацете. Откако ќе ја соблече, ја фрла меѓу машките гости, а оној кој ќе ја фати според обичајот, ќе биде следниот што ќе стапне на „лудиот камен“. Слично како што невестата им фрла бидермаер на девојките.
Жартиерата симболизира брачна среќа и плодност, а споделувањето на овој симбол со гостите се смета за добар знак.