[ФОТО/ВИДЕО] Слон влегол во продавница во Тајланд: Изел грицки, банани и сендвич

Точка

05/06/2025

17:28

1.196

Големина на фонт

а а а

Голем слон ги изненадил вработените во продавница во Тајланд кога влетал во објектот во потрага по храна. „Се почестил“ со грицки, банани и сендвич, но предизвикал и штета додека минувал низ продавницата.

На снимката од безбедносните камери може да се види како гладното животно влегува во продавницата и јаде грицки.


Штетата што ја предизвикал слонот додека се движел низ продавницата не е голема, но сопствениците сепак се во загуба.

„Немаше многу работа тој ден. Околу 14 часот, слонот едноставно влезе во продавницата. Се приближив и се обидов да го избркам. Му реков да не се приближува“, изјави сопственикот на продавницата, Хамплои Какаев, за Си-ен-ен.


Продавницата, во тајландската покраина Након Ратчасима, која се наоѓа североисточно од главниот град Бангкок, е блиску до Националниот парк Као Јаи, поради што често може да се видат слонови во областа.


Биле повикани чуварите на паркот, кои на крајот успеале да го отстранат слонот, но по долго наговарање: „Тој е често тука, но никогаш не повредува никого. Мислиме дека само сакал грицки“, рече Хамплои.

Инаку уште еден слон бил пред продавницата, каде што најверојатно го чекал својот „другар“.

По неочекувана посета, група за заштита на дивите животни ја посетила продавницата и им понудила 800 бати (околу 22 евра) на сопствениците за „украдената“ стока.