[ВИДЕО] Два силни земјотреса во Турција, девојче почина од напад на паника, десетици повредени

A1ON.MK

03/06/2025

10:09

2.783

Големина на фонт

а а а

Силен земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа во близина на Мармарис во југозападната турска провинција Мугла во вторникот вечерта. Земјотресот бил почувствуван во повеќе делови од земјата, а според официјалните информации повредени се 69 лица, додека 14-годишното девојче Афранур Гунлу го загубило животот поради паника предизвикана од потресите.

Според Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), епицентарот на земјотресот бил во Средоземното Море, на 10,43 километри од Мармарис, на длабочина од речиси 68 километри. Првичните информации говорат дека нема сериозни оштетувања на станбени објекти.

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја потврди дека сите екипи на АФАД и релевантните агенции веднаш излегле на местото на настанот и дека во тек се претреси и безбедносни проценки. „За жал, 14-годишната Афранур Гунлу доживеа тежок напад на паника во Фетије, беше пренесена во болница, но и покрај напорите на лекарите, таа почина“, рече Јерликаја.

Тој додаде дека голем број граѓани во паника скокнале од височина предизвикувајќи бројни повреди. На лице место укажана е 14 лица, осум по укажаната помош се отпуштени од болниците, додека 46 граѓани се уште се сместени на болничките одделенија за итни случаи.

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала во текот на ноќта ја погоди и областа во близина на Додеканезите, долж турската граница во Средоземното Море. Земјотресот се случи во 23:17 часот по локално време, на 18 километри од островот Родос, на длабочина од 68 километри, објави ЕМСЦ.

Министерот за животна средина и урбанизација Мехмет Ожасеки изрази сочувство до граѓаните и рече: „На сите погодени им посакувам брзо закрепнување“.

Надлежните служби продолжуваат да ја следат состојбата, а сеизмолозите предупредуваат дека се можни последователни потреси.