[ВИДЕО] Нови сателитски снимки го откриваат обемот на историската украинска операција

Макфакс

05/06/2025

08:15

4.607

Големина на фонт

а а а

Новите сателитски снимки и снимките од нападот со дронови покажуваат сериозни оштетувања на руските авиони во неколку воздухопловни бази за време на ненадејниот украински напад во неделата, јавува Би-би-си.

Снимките од две воздухопловни бази во северозападна и централна Русија направени вчера наутро покажуваат дека 12 авиони се оштетени или уништени.

Видео објавено вчера од страна на Службата за безбедност на Украина (SBU) ги прикажува нападите врз двете бази, како и две други цели.

Украина вели дека во операцијата таргетирала 41 стратешки бомбардер и дека „најмалку“ 13 биле уништени. Безбедносните претставници велат дека нападот се подготвувал 18 месеци и дека многу од дроновите биле шверцувани на руска територија.

Видеото на СБУ е долго речиси пет минути и е компилација од монтирани снимки од беспилотни летала од нападите врз воздухопловните бази Олења, Иваново, Дјагилево и Белаја.


Во секој кадар, емитувањето се прекинува пред експлозијата, но во некои, во позадина се гледаат други авиони, зафатени од пламен. Нема индикации дека руските сили се обиделе да ги одбранат базите, дури и кога нападот веќе бил во тек.