„Домот на пастрмката“: Илустрирана книга за деца од Александра Велинова со промоција кај Заливот на коските

Точка

06/06/2025

17:45

560

Големина на фонт

а а а

Промовирана илустрираната книга за деца поезија во проза „Домот на пастрмката“ од Александра Велинова на охридското крајбрежје кај Заливот на коските на Светскиот ден за заштита на животната средина, со поддршка на Општина Охрид.

Промотори беа учениците од основното училиште „Св.Наум Охридски“ кој читаа стихови, a нивната директорка Валентина го истакна значењето на „Домот на пастрмката“ во воспитно-образовниот процес. Присутните имаа можност да дознаат нешто повеќе за животниот пат на пастрмката, за тоа со што се храни, колку време и е потребно да порасне еден килограм, од што е загрозен овој редок ендемски вид од Сузана Патчева од Хидробилошкиот завод во Охрид. Нуркачите од „Амфора“ како најдобри „танцувачи“ со пастрмката и најдобри пријатели на езерото потсетија што се извадиле, чистејќи во домот на пастрмката.


„Охрид како книжевен, просветителски и духовен центар ја продолжува мисијата и организира низа културни настани за најмладите во време кога е најнеопходно, кога придобивките од современата технологија безмилосно и упорно се обидуваат да ја стават во сенка нејзиното височество книгата. Оваа книга за деца е препорачлива и за возрасни, бидејќи возрасните многу повеќе загадуваат од децата. Целта е од најрана возраст да се изградат позитивни навики кај најмладите и читачки и еколошки“, вели Александра.


Ова е седма по ред илустрирана книга за деца од Александра Велинова која пишува и за возрасни и е член на ДПМ.