Директорот на Управата за животна средина: Ќе се извезува коварината која настанува при производството на челик, се отвора патот за системско чистење на индустрискиот отпад

Макфакс

10/05/2025

14:22

234

Големина на фонт

а а а

Директорот на Управата за животна средина, Игор Никоски извести за значаен чекор кон еколошки почиста иднина: Макстил во соработка Arcelor mittal -BMS од Шпанија најголемата топилница во Европа успеаја да ја извезат коварината односно индустрискиот отпад кој настанува при производството на челик.

вој процес се заснова на циркуларната економија – пристап кој овозможува искористување на отпадот како нов ресурс, наместо негово уништување. Со правилно управување и процесирање коварината се трансформира во вредна секундарна суровина, намалувајќи го негативниот еколошки отпечаток и придонесувајќи кон одржлив развој, при што целосно се елиминира влијанието врз животната средина.

Со овој значаен проект во Република Македонија се отвора патот за системско чистење на индустрискиот отпад! Овој успех е важен не само за Макстил, туку и за целата земја, како дел од заложбите за еколошки одржлива иднина, велат од Управата за животна средина.

Министерството за животна средина го поздравува овој проект и останува посветено на креирање услови за ефикасно управување со индустрискиот отпад во Република Македонија.