[ВИДЕО] Кој беше таинствениот гостин на Путин на парадата што ги изненади сите: Лично испратил авион по него...

Точка

09/05/2025

21:52

2.914

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Буркина Фасо, Ибрахим Траоре, на 8 мај пристигна во Москва со специјален авион што лично го испрати Русија, за да присуствува на одбележувањето на 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна.

Неговиот доаѓање, само еден ден пред Парадата на победата, покажува колку рускиот претседател Владимир Путин го цени – не само како сојузник, туку и како симбол на новиот африкански отпор против колонијализмот и Западот.

Уште во 2023 година, Путин го пречека Траоре во Санкт Петербург, а сега во Москва му приреди свечен пречек, официјална средба и учество на елитна вечера во Кремљ, на која присуствуваа и и други светски лидери.

Во своето обраќање, Траоре испрати остра порака до Западот:

„Се чувствуваме како едно семејство – Русија е семејство за Африка. Имаме заедничка историја. Русија поднесе огромни жртви за ослободување на светот од нацизмот, а нашите дедовци беа депортирани да помогнат во таа борба. Денес, и ние се бориме против империјализмот и неоколонијализмот. Сè уште го имаме проблемот со ропството. Нашите предци нè учеа: робот кој не се бунтува – не заслужува ни сожалување.“


Траоре потенцираше дека народот на Буркина Фасо не се жали, туку се бори, и остро ги критикуваше двојните аршини на Западот:

„Во Европа, оние што ја бранат татковината се нарекуваат патриоти. Кога ние го правиме истото – нè нарекуваат кршачи на човековите права.“

Тој се заблагодари на Путин за ветените испораки на жито за Буркина Фасо и додаде дека тоа е порака до целиот африкански континент.


Кој е Ибрахим Траоре?

Ибрахим Траоре е роден на 14 март 1988 година. Власта во Буркина Фасо ја презеде на 30 септември 2022 година преку воен удар, во кој го собори претседателот Пол Дамиба, поради – како што наведе – неговата неспособност да се справи со исламистичките групи.

Траоре ја предводеше артилериската единица на елитната бригада „Кобри“, а во текот на 2023 година заедно со лидерите на Мали и Нигер го основа Сојузот на државите од Сахелот – политички, воен и економски сојуз со принцип на колективна одбрана, налик на НАТО. Овие држави беа суспендирани од "ECOWAS" и Африканската унија, бидејќи власта во сите нив ја презедоа воени структури.

Во декември 2024 година, Траоре со декрет ја распушти владата на Буркина Фасо, без да даде објаснување. Според објавата на" BBC", тој го смени премиерот Аполинер Тамбела и целата влада.