[ФОТО] Колкава ќе биде месечната плата на новиот папа?

Точка

09/05/2025

22:22

5.344

Големина на фонт

а а а

Ватикан, најмалата независна држава во светот, се грижи за секој аспект од животот на папата – од сместување и исхрана до здравствена грижа, транспорт и осигурување.

Папата Лав XIV, новиот поглавар на Католичката црква и првиот Американец на таа позиција во историјата, не прима традиционална плата. Иако предводи над милијарда верници и управува со суверена држава, Ватикан му обезбедува живот без никакви лични трошоци.


Технички, папата би можел да има право на месечна плата од околу 2.500 евра, но во пракса, поголемиот дел од понтифексите се откажуваат од лични приходи. Починатиот папа Франциск, за време на целиот свој понтификат, одбиваше плата и наместо луксуз, избра скромен живот во ватиканскиот пансион „Domus Sanctae Marthae", пишува „Daily Mail“.


Пред да биде избран за папа, кардинал Роберт Превост наводно примал месечен надомест од 4.000 до 5.000 евра, што претставува стандардна плата за кардиналите. Но, во новата улога, тој нема финансиска компензација, бидејќи Ватикан ги покрива сите негови трошоци.


Папата Лав XIV, родум од Чикаго, е познат по својата отвореност кон маргинализираните групи и умерени ставови, со што се надоврзува на реформскиот дух на својот претходник.


Неговиот избор на името – Лав XIV – е исто така симболичен: претходните папи со тоа име биле познати по општествени реформи и цврсто водство во времиња на криза, па Превост со тоа јасно покажува во која насока сака да ја води црквата.