[ВИДЕО] Уапсен битолчанецот кој со нож се закануваше на маж на “Широк сокак”

Макфакс

09/05/2025

21:16

1.378

Големина на фонт

а а а

Денеска на ул. “Св.Кирил и Методиј” во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола.

Тој претходно, пред угостителски објект на ул. “Широк сокак” со остар предмет се заканувал кон 41-годишен државјанин на Австралија.

😮Според информациите што ги обезбеди ТВ21, лице кое носело остар предмет било забележано од граѓани додека се движело по Широк Сокак во Битола. По навремена пријава и реакција од полицијата, лицето е приведено и ситуацијата е ставена под контрола.


Видео материјалот е снимен од страна на редакцијата на ТВ21, веднаш по добивањето на дојавата. 🚓

Posted by TV21 on Friday, May 9, 2025

По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница, соопшти полицијата.

Видео: ТВ21