Актерот Вилијам Леви беше уапсен во понеделникот поради нарушување на мирот под дејство на алкохол, а беше обвинет и за неовластено влегување на туѓ имот. Според извештајот на локалната станица, актерот сè уште бил во притвор во вторникот наутро, во затворот во округот Бровард.
Инцидентот се случил во Вестон, предградие кое се наоѓа во пошироката област на Мајами. Деталите за апсењето сè уште не ѝ се познати на јавноста.
Леви, чие полно име е Вилијам Гутиерез Леви и кој го нарекуваат и латинскиот Бред Пит, стана познат како едно од најпознатите лица на теленовелите, а јавноста го памети и по старите гласини дека бил во романтична врска со Џенифер Лопез во 2011 година, но и двајцата ги негираа.
Леви исто така имал забележителни улоги во доста американски филмови, а публиката го памети и како натпреварувач на „Танц со ѕвездите“ во 2012 година, каде ги стекна симпатиите на гледачите.
По напуштањето на притворот, Леви ја коментирал ситуацијата во која се нашол. Во таа прилика тој негирал дека физички нападнал вработен во ресторанот каде што се наоѓал.
„Се обидував да останам смирен цело време. На крајот јас бев тој што мораше да замине“, изјавил актерот за магазинот „HOLA“.
На прашањето зошто е обвинет за напад, тој рекол „Па, мораа да ме приведат поради нешто“.
Се споменувало и дека сè започнало кога актерот одбил да ја плати сметката, но тој и тоа го демантирал.
„Не, не, се разбира дека не“, кажал Леви.
На крајот прокоментирал и како изгледала ноќта што ја поминал во притвор.
„Беше нормално, нормално. Не знам дали стекнав одлични пријатели, но запознав некои нови луѓе", заклучил Вилијам.