[ФОТО] Ова е жената која ја обвинуваат за наводниот развод на Бастијан Швајнштајгер и Ана Ивановиќ

Точка

17/04/2025

20:24

6.249

Големина на фонт

а а а

Германската водителка Естер Седлачек последниве денови се најде во фокусот на германската јавност поради поврзувањата со поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, со кој соработува на телевизијата АРД.

Имено, со последните тврдења на германските медиуми дека на бракот на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер му дошол крајот, како причина сè почесто се споменува името на водителката Седлачек.

Инаку заедно со Швајнштајгер, таа води спортска емисија на АРД, а минатото лето нивната блискост особено  „им падна во очи“ на гледачите.


Дополнително, за време на преносот и следењето на Светското првенство од 2022 година, поранешниот фудбалер го привлекол вниманието со шегите поради кои Естер се чувствувала непријатно.

На Тикток се споделуваат снимки од нивните разговори и насмевките што ги разменуваат, а сето тоа повторно е во фокус поради веста дека Бастијан се разведува. Исто така, некои веруваат дека Естер е „виновна“ за разводот.


Инаку Седлачек е мажена за германски бизнисмен за кој се омажила во април 2019 година, но нема многу достапни информации за него. Во мај 2019 година го добиле своето прво дете, додека водителката во февруари открила дека е повторно бремена.


Потсетуваме, германски „Бунте“ објави дека на љубовта на поранешната српска тенисерка Ивановиќ и поранешниот германски фудбалер Швајнштајгер и дошол крајот и дека веќе два месеци не живеат заедно.