„Нека влезе во записник: Џенифер Лопез е спектакуларна, одлична е со моите деца и имаме прекрасен однос“, изјави 52-годишниот добитник на Оскар, Бен Афлек, за „Entertainment Tonight“, отфрлајќи ги гласините за нарушените односи меѓу нив по разводот.
Афлек, кој има три деца со поранешната сопруга Џенифер Гарнер — Вајолет (19), Серафина (16) и Самуела (13) — не штедеше пофални зборови за Лопез и нејзините близнаци, Макс и Ема (17), кои ги доби со Марк Ентони.
„Ги сакам нејзините деца. Тие се прекрасни. Таа е личност што многу ја ценам и на која сум ѝ благодарен“, нагласи актерот, кој особено го истакна задоволството што можел да ги донесе своите деца, но и децата на поранешната сопруга на премиерата на неговиот филм, опишувајќи ја нивната врска како „најголемата радост во неговиот живот“.
Афлек ја искористи можноста и да ги критикува таблоидите, кои, според него, ширеле негативни приказни за него и Лопез.
„Не читам многу работи на интернет, но понекогаш имам чувство дека луѓето ја извитоперуваат оваа идеја, не знам, како да сакаат по секоја цена да најдат нешто негативно за што би зборувале.“
Да потсетиме, парот се венчаше во јули 2022 година, откако ја обновија врската од почетокот на 2000-тите. И покрај нивните напори да го одржат бракот, се разделија по две години заеднички живот.
Сепак, и покрај разводот, успеале да одржат пријателски однос — особено поради децата од претходните бракови, кои развиле блиски врски за време на нивниот заеднички живот.