[ФОТО] Прва објава на Швајнштајгер по веста за разводот: Се огласи од странство, еве што порача!

Точка

16/04/2025

14:46

10.163

Големина на фонт

а а а

Веста за наводниот развод на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштагер ја изненади јавноста, а сега за првпат по веста Швајнштајгер објави нов пост на својот Инстаграм профил.

Веста за разводот по девет години брак вчера ја пренесоа германските медиуми, но сѐ уште не е официјално потврдена.

Ова изненади многумина, бидејќи Ана и Бастијан се сметаа за олицетворение на љубовта, хармонијата и меѓусебното почитување. Нивната насмевка на црвениот килим, нивните заеднички семејни фотографии и поддршката што си ја даваа изгледаа како реткост во светот на славните.

Во пресрет на наводите за разводот, Бастијан сподели објава на својот Инстаграм профил, не осврнувајќи се воопшто на она што се пишува по медиумите.

„Ви благодарам на сите за топлото добредојде“, напиша Шванштајгер во описот на видеото на кое се гледа како навивачите го пречекуваат на аеродромот.

За потсетување, германските медиуми пренесуваат дека Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер се разделиле пред два месеци.