„Тоа е рана која никогаш нема да зарасне, ќе крвари во мене до крајот на животот“: Се огласи Дарко кој се врати од лекувањето во Белград, по трагедијата во Кочани

Макфакс

26/03/2025

11:05

6.126

Големина на фонт

а а а

Дарко Стојанов кој по страотниот пожар во дискотека во Кочани се лекуваше во странство вчера пристигна дома.

Тој беше пречекан од министрите за здравство и за надворешни работи Арбен Таравари и Тимчо Муцунски.

Драги пријатели, познаници и непознаници.

МИЛИ МОИ УЧЕНИЦИ ПРЕМНОГУ МИ НЕДОСТАСУВАТЕ, НО ЌЕ СЕ ВИДИМЕ НАСКОРО. МОЈ...

Posted by Дарко Стојанов on Wednesday, March 26, 2025

Денеска Стојанов се огласи и на социјалните мрежи:

„Драги пријатели, познаници и непознаници.

Мили мои ученици премногу ми недостасувате, но ќе се видиме наскоро. Мој македонски народе ви благодарам за солидарноста, емпатијата и храброста која ја добивам.

Со оваа објава пред се сакам јавно да се заблагодарам за личната поддршка која ја добив од огромен дел од вас. Мојата здравствена состојба е добра и стабилна, а сега следува малку подолг процес на опоравување, додека да бидат санирани сите последици, но ќе бидам добро. Физичките рани и лузните на телото ќе останат, но веќе нема да крварат и нема да болат. Благодарение на Бога јас бев еден од посреќните кој што се спаси таа траорна ноќ. Но, огромен дел за жал ја немаа таа среќа. Болката да се изгуби некој во тој пекол ја почувствував и јас. Тоа е рана која никогаш нема да зарасне, Раната на душата која ќе крвари во мене до крајот на мојот живот.

Благодарам на сите институции кои беа вклучени во организирањето и реализацијата за лечење во СРБИЈА и останатите земји. Доколку не се случеше тоа, не знам дали сега ќе го пишував ова. Благодарение на целиот медицински персонал во нашата држава, бидејќи тоа се вистинските херои. Се надевам дека што поскоро ќе го сфатиме тоа како држава и дека тие ќе бидат наградени соодветно за се што прават. Се надевам дека ови херои што побрзо ќе добијат се што заслужуваат. Дишам благодарение на брзата реакција на медицинскиот персонал во КАРИЛ.

Не постојат зборови со кои можам да се заблагодарам на целиот персонал од Klinički centar Srbije. Моите деца сеуште имаат татко, благодарение на докторите, и неверојатните медицинскии сестри и техничари од клиниката. Тоа беа моите ангели чувари. Благодарам српски народе!

Посакувам што побрзо закрепнуваење на сите кои се повредени и што побрзо да ги гушнат своите сакани. И се надевам дека оваа траорна трагедија ќе не обедини како народ и ќе ни ги отвори очите како луѓе.

Гушнете ги најблиските, фамилијата, пријателите. Кажете им дека ги сакате. Никогаш не можете да знаете кога е тоа за последен пат“, пишува Стојанов во пораката.