Жена се породи на улица во Бангкок вчера, откако болницата во која се наоѓала била евакуирана поради силниот земјотрес во Мјанмар.
Таа лежела на носилка, опкружена со медицински персонал кој и помогнал да се породи на отворено.
Поради земјотресот, евакуирани се повеќе болници.
Пациентите биле преместени во блискиот парк, вклучувајќи ги и оние на носилки и во инвалидски колички. Вработените во болницата продолжија да се грижат надвор, пред зградите на установата.
Footage during the earthquake in #Bangkok a baby was born in the park 😭 Waht a story to tell ‘’ I was born during the earthquake ‘’ #แผ่นดินไหว #earthquake #myanmarearthquake #bangkokearthquake #ตึกถล่ม pic.twitter.com/7E0FdzfPEf
— Miia 🩵 (@i30199) March 28, 2025
Земјотресот што го погоди Мјанмар беше еден од најразорните во последните сто години.
Според Геолошкиот институт на САД (USGS), епицентарот бил на 17 километри од Мандалеј. Бројот на загинати се искачи на повеќе од 1.000, а спасувачите се уште трагаат по преживеани под урнатините. Воената хунта прогласи вонредна состојба и повика на помош, додека ОН потврдија дека се во контакт со властите.