Мицкоски го посети семејството на починатиот возач од Брзата помош кој цела ноќ спасуваше деца: Иле замина тивко, но зад себе остави пример кој нема да го заборавиме

Макфакс

22/03/2025

14:34

11.338

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денес ја посети сопругата и семејството на Иле Гоцевски, возачот на Брзата помош кој трагично почина по помошта што ја пружи на повредените во трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Мицкоски изрази почит и благодарност за храброста и пожртвуваноста на Иле, кој цела ноќ се посветил на помагање на повредените, оставувајќи траен пример за хуманост.


Во својот Фејсбук статус, премиерот нагласи дека во време на национална тага, храброста и човечноста на луѓето како Иле Гоцевски служат како инспирација и потсетник дека вистинските херои не носат оклопи, туку имаат срце исполнето со љубов и пожртвуваност.

„Иле замина тивко, но зад себе остави пример кој нема да го заборавиме. Мојата почит и поклон за него. Почит и до сите што несебично им служат на граѓаните. Вечна ти слава, Иле,“ напиша Мицкоски.

Денес го посетив семејството и сопругата на Иле Гоцевски – возачот на Брзата помош кој, со пожртвуваност што нема цена,...

Posted by Hristijan Mickoski on Saturday, March 22, 2025