Пронајдени резултати за тагот: дискотека Пулс

[ВИДЕО] „Не чувствувам вина, јас ги спасив сите што можев“, кажа Столе Боев обезбедување на дискотеката „Пулс“

Столе Боев, обезбедување на дискотеката „Пулс“ изјави вечерва дека не чувствува вина.

17/03/2025 22:09


[ВИДЕО] Бектеши и Трајковски со лисици стигнаа во судот во Кочани

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски вечерва се донесени во судот во Кочани каде што ќе дадат исказ пред судија на претходна постапка во врска со трагедијата во дискотека „Пулс“.

17/03/2025 20:39


[ВИДЕО] „Јас сум мртов човек, изгубив сè“: Потресни сцени, семејствата очајно чекаат вести за најблиските повредени во пожарот

Страшниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани однесе најмалку 59 животи, додека повеќе од 150 лица се во болници со тешки повреди. Семејствата на повредените и исчезнатите се собраа пред болниците, очајно чекајќи каква било вест за нивните најблиски.

17/03/2025 20:34


Уште четворица пациенти од Македонија пристигнаа на ВМА во Белград

Четворица пациенти од Северна Македонија кои беа тешко повредени во пожарот во Кочани штотуку пристигнаа на ВМА во Белград.

17/03/2025 20:11


„Во чест на загинатите да се поделат црни ленти“ – Здружението „Кој е следен“ повика на протести утре низ цела Македонија

Здружението „Кој е следен“ повика на протести утре во 18 часот, на плоштадите низ територијата на целата држава поради жртвите од пожарот во дискотеката која нелегално работела.

17/03/2025 20:01


Македонија обвиена во црно – Кочани ден по трагедијата низ фотографии

Во Кочани, градот во кој се запали нелегалната дискотека „Пулс“, голем број семејства се завија во црно.

17/03/2025 18:34


[ВИДЕО] Осомничен за пожарот во Кочани: „Ние сме херои, спасивме 200 луѓе останавме до последен момент во огнот“

Не се чувствуваме виновни, ние сме херои, спасивме 200 луѓе. Јас до последен момент останав во огнот за да ги извадам сите деца, да ги спасувам како мои. Имам две малолетни деца, кажа еден од осомничените за пожарот во Кочани на новинарско прашањето дали се чувствува виновен”.

17/03/2025 16:24


Кога се изборивме со сè, кога го добивме тоа што го сакаме: Напиша сопругата на Тоше кој загина во пожарот во Кочани славејќи го раѓањето на неговиот син

„Кога се изборивме со се кога го добивме тоа што го сакаме. Нашата љубов доби плот кој ќе не веселеше цел живот на кој ке се смеевме и радувавме, што се случи зошто овој живот е толку суров и безмилосен зошто ги зема луѓето кои треба да живеат на кој животот е пред нив“, напиша сопругата на Тоше Богданов, кој загина во пожарот во дискотеката во Кочани. Тој во саботата отишол да го прослави раѓањето на својот син во дискотеката.

17/03/2025 15:56


[ВИДЕО] Болка, солзи, но и гнев и револтот на протестот во Кочани: Група граѓани го демолираа кафе барот „Класик“ чиј сопственик е истиот од дискотеката во која се случи трагедијата

Стотици граѓани на Кочани се собраа на протест да го искажат револтот поради големата трагедија што се случи во нивниот град во која животите ги загубија 59 луѓе, а над 100 се повредени. Им оддадоа почит на жртвите во паркот, а потоа се собраа пред општината.

17/03/2025 15:33



Никој не смее да биде поштеден од одговорност, ова не е време за политички пресметки, рече Венко Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипле, изјави дека трагедијата во Кочани не смее да се користи за политички пресметки кога народот треба да е обединет. Тој уверува дека како опозициска партија нема да дозволат некој што е одговорен да биде поштеден, и ќе следат процесот да се движи во праведна насока.

17/03/2025 14:38


Србија испраќа нов авион за транспорт на уште 12 пациенти од пожарот во Македонија

На барање на Владата на Република Северна Македонија, денеска продолжува помошта и евакуацијата на повредените во пожарот во Кочани, соопшти српското министерството за одбрана.

17/03/2025 14:19


Мицкоски: Ова е масовно убиство што некој го дозволил за пари и криминал, нема да има милост, ако треба за уши ќе ги влечеме од дома

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека минатата година биле издадени смо 12 лиценци за кабареа, а може а се заклучи колку многу клубови работат во државата. Како што рече, сите кои се без лиценци ќе бидаат затворени и ниту еден клуб нема да работи нелегално.

17/03/2025 14:17


Папазов бил должен да знае дека фирмата немала лиценца и не исполнува услови за таа дејност, министерството за економија не издало лиценца, велат од ДУИ

Катастрофалната трагедија во Кочани, во која загинаа голем број наши сограѓани, покрена многу прашања за безбедноста, контролата и функционирањето на институциите, особено за оние кои согласно закон знаеле и биле должни да знаат што се случува, велат од ДУИ.

17/03/2025 13:18


[ВИДЕО] Тошковски најави серија апсења: Или одлучно и системски ќе смениме нешто во оваа држава или ќе ја немаме!

„Нема да застанеме со процесни дејствија, констатиравме дека системот во Македонија е корумпиран на тоа ниво што слободно можеме да кажеме дека имаме катастрофална состојба во однос на постапување на институциите кои требало да реагираат во однос на објектот и потребните услови за негово функционирање, поради што во текот на денот ќе има многу лица кои ќе бидат приведени, вклучувајќи ги МВР и други институции, во текот на денот ќе биде информирана јавноста“, соопшти на денешната прес-конференција во МВР министерот Панче Тошковски.

17/03/2025 13:00


Ах Николче, ах Матејче, секој ден ме испраќаше со зборовите „Убав викенд наставничке“, токму овој беше најлошиот: наставничката се прости од нејзините ученици кои загинаа во пожарот во Кочани

Со емотивна објава на Фејсбук наставничката Елена Накова од Злетово се прости од нејзините ученици Никола и Матеј, кои вчера загинаа во пожарот во дискотеката во Кочани.

17/03/2025 12:28


Градоначалникот на Кочани Папазов поднесе неотповиклива оставка: За мене, после оваа трагедија, ништо повеќе нема исто значење!

„Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на Кочани. Оваа загуба е огромна!“, напиша Љупчо Папазов на социјалните мрежи.

17/03/2025 12:08


Поради можни вдишувачки изгореници, на лекар да се јават и оние кои се чувствуваат добро, а биле во дискотеката, апелираа Таравари и Клековски

Сите пациенти се во релативно стабилна состојба, испратените на лекување во странство се сместени во болниците и состојбата е под контрола, рече министерот за здравство, Арбен Таравари, утрово. Повредените кои беа сместени во болниците во Кочани и Штип се повлечени во Скопје за да им се пружи подобар третман, но министерот извести дека денес имаат нова состојба, помош бараат пациенти кои досега не се јавиле на лекар. Двајца нови пациенти веќе побарале помош во болницата во Штип.

17/03/2025 11:47


[ВИДЕО] „Повредите им се тешки, изгорениците покриваат и до 28% од кожата“: Се огласија лекарите од Ургентниот центар во Белград

Најмалку 59 лица загинаа во пожар што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Најмладата жртва имала само 14 години. Меѓу повредените има 150 лица, а 12 пациенти биле донесени во Белград во неделата вечерта со авион на војската на Србија, од кои некои се во Ургентниот центар во Белград.

17/03/2025 10:51


Позната е состојбата на повредените во Кочани кои се пренесени во ВМА во Белград

Српските лекарски екипи згрижија повеќе од десет лица кои се тешко повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тие во текот на вчерашниот ден и вечерта со амбулантни возила и авион на војската на Србија беа пренесени во болниците во Белград, а сместени се во ВМА и во Клиничкиот центар на Србија.

17/03/2025 10:15