Уапсени се 17 лица кои пуштале музика во денови на жалост, меѓу нив и дете

Макфакс

23/03/2025

13:06

993

Големина на фонт

а а а

Вкупно 17 лица на подрачјето на Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово во текот на ноќта биле приведени од полицијата под сомнение за непочитување на одлуката на Владата за седумдневна жалост – кривично дело по член 387 од Кривичниот законик.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, 12 лица, од кои едно малолетно, се приведени на подрачјето на Прилеп.

Во Скопје е приведено едно малолетно лице и управител на угостителски објект, во Кичево – еден сопственик на угостителски објект и во Куманово се  приведени две лица – менаџер и управител на угостителски објект осомничени дека ја прекршиле донесената одлука.

-По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР.