Краткотраен притвор досега за вкупно 17 лица за пожарот во дискотеката во Кочани

Макфакс

19/03/2025

10:46

344

Големина на фонт

а а а

На уште едно лице му е определен краткотраен притвор од 48 часа во врска со трагедијата во Кочани со што вкупниот број на лица опфатени со оваа мерка се искачи на 17 лица.

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски вчера изјави дека покрај 16-те лица, на уште едно лице ќе му биде определен 48-часовен притвор.

Најави брза и ефикасна истрага која ќе биде најпрофесионално изведена. Според него, се работи за многу тежок, комплициран предмет во кој има многу жртви.

Меѓу притворените на кои им е изречен 48-часовен притвор се и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и поранешниот директор на Пазарниот инспекторат Горан Трајковски.

На дел од оние на кои им е изречена оваа мерка, вечерва им истекуваат 48-те часа.