Кристијано Роналдо најави владеење со светскиот фудбал: „Да, мојата желба е да купам повеќе клубови“

Макфакс

05/02/2025

20:46

757

Големина на фонт

а а а

Доколку тргне по овој пат, Роналдо би тргнал по стапките на неговиот славен бразилски истоименик, кој поседува мнозински удел во шпанскиот Реал Ваљадолид.

Капитенот на португалската фудбалска репрезентација Кристијано Роналдо, кој денеска го слави својот 40-ти роденден, изјави дека неговиот сон е да стане сопственик на неколку фудбалски клубови, пренесува агенцијата "dpa".

Португалската суперѕвезда сè уште не дава никакви индикации за пензионирање и продолжува да ја претставува својата земја, како и да игра за Ал Наср во Саудиската Про лига.


Сепак, тој откри дека не се гледа себеси во тренерска или менаџерска улога, туку има портфолио на клубови.

„Нема многу смисла да се биде клупски директор. Ако можам да бидам сопственик на клуб, зошто би бил менаџер, спортски директор или директор“, изјави Роналдо за португалската телевизија Канал 11.


„Тоа е мојот сон и убеден сум дека ќе бидам сопственик на клуб. А ќе ви кажам уште нешто: Се надевам дека нема да имам само еден клуб, туку неколку“.

Доколку тргне по овој пат, Роналдо би тргнал по стапките на неговиот славен бразилски истоименик, кој поседува мнозински удел во шпанскиот Реал Ваљадолид.


Други поранешни и сегашни фудбалски ѕвезди кои поседуваат акции во фудбалски клубови се Дејвид Бекам и Килијан Мбапе. Поранешниот капитен на Англија е косопственик на американскиот МЛС тим Интер Мајами, а напаѓачот на Реал Мадрид минатото лето купи мнозински удел во францускиот второлигаш Каен.