Поранешниот лидер на "Ferrari": Во постојан контакт сум со Михаел Шумахер

Точка

05/02/2025

18:19

829

Големина на фонт

а а а

Жан Тод, поранешен извршен директор на "Ferrari", вели дека е во постојан контакт со Михаел Шумахер, седумкратниот светски шампион.

Славниот Германец пред 11 години падна на скијање и оттогаш неговата здравствена состојба е обвиткана со мистерија.


„Јас сум во редовен контакт со Михаел и неговото семејство. Тие се дел од мојот живот. „Семејството одлучи да не зборува за неговата состојба и јас го почитувам тоа“, истакна Тод.


Неодамна се појавија информации дека тој бил на свадбата на својата ќерка, но никогаш не е добиена официјална потврда, ниту пак се појавија фотографии.