Пред врската со Кристијано Роналдо, Георгина Родригез работела како продавачка во луксузни бутици, а токму во продавницата на Гучи го запознала славниот фудбалер.
На фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи, Георгина може да се види облечена во униформа составена од бела кошула и црни панталони, додека ја извршуваше својата работа како модна консултантка.
Иако никогаш официјално не се венчаа, Кристијано Роналдо ги поттикна гласините за брак со емотивната порака на нејзиниот роденден. Георгина, која е со Роналдо од 2016 година и со која има две деца (ќерките Алана Мартина и Бела Есмералда), во понеделникот го прослави својот 31 роденден. Имено, Роналдо на Инстаграм објави трогателна честитка која го привлече вниманието на неговите обожаватели.
„За мајката, партнерката, пријателката, мојата жена (сопруга) … среќен роденден љубов“, напиша тој со срце емотикон. Употребата на терминот „мојата жена (сопруга)“ дополнително ги подгреа шпекулациите дека тие тајно се венчале, кои неодамна ги поттикнаа и другите изјави на португалскиот фудбалер.
Во декември 2024 година, на доделувањето на Глоуб Сокер наградите во Дубаи, каде што освои две награди, Роналдо ја нарече Георгина своја „жена (сопруга)“. Исто така, во август, во видео на неговиот канал на Јутјуб, за време на играта „Тој и таа“, тој повеќе пати го употреби истиот израз.
Парот на тоа видео носеше бурми, а во друго интервју Роналдо случајно ја спомена Георгина како сопруга додека ја опишуваше својата утринска рутина.