[ФОТО] Ќерката на Мадона со провокативното издание се најде во центарот на вниманието на модната недела во Париз

Точка

29/01/2025

23:21

5.166

Големина на фонт

а а а

Лурд Леон со нејзината модна комбинација остави малку на имагинацијата на ревијата на машка облека за есен/зима 2025-2026 година на Ив Сен Лоран. Имено таа на модната недела во Париз се појави во црн проѕирен комбинезон од тантела.

Под проѕирниот комбинезон таа носеше само црни гаќички, а и покрај тоа што имаше предимензиониран кожен капут, тој не покри многу.



Својот изглед го комплетираше со црни потпетици и златен накит. Инаку ова не е прв пат Лурд да носи проѕирни парчиња кои откриваат премногу.

Имено, таа се појави во слична комбинација на ревијата на Ив Сен Лоран за есен/зима 2024-2025 година.

Пејачката тогаш се појави без градник под црниот комбинезон со долги ракави. Исто така, сакајќи да постигне монохроматски изглед, едноделното парче облека го комбинираше со долг волнен капут, високи потпетици и очила за сонце.


Кога станува збор за нејзиниот стил на облекување, Лурд призна дека нејзината мајка ѝ е инспирација. Всушност, таа дури и призна дека украла дел од облеката на Мадона.

„Сега има брава на нејзините плакари“, се пошегува таа во едно интервју во 2021 година, додавајќи: „Кога не е дома, тие работи се заклучени, бидејќи земам сè на што сметам дека имам право“.