[ВИДЕО] Американската водителка ја нападна Селена Гомез: „Таа е болна личност, ја мрази оваа земја“

Точка

30/01/2025

14:34

1.408

Големина на фонт

а а а

Американската политичка коментаторка Мегин Кели ја нарече Селена Гомез болна личност.

Инаку Селена Гомез (32) се расплака на нејзиното Инстаграм стори поради неодамнешните постапки на Доналд Трамп, поточно депортацијата на мигрантите.


Меѓутоа набргу потоа ја избриша снимката од Инстаграм, но и покрај тоа снимката предизвика многубројни реакции од страна на републиканците и приврзаниците на Трамп.

„Очигледно се работи за нестабилна личност“

Поранешната водителка на „Fox News“, Мегин Кели, во нејзиниот поткаст „Megyn Kelly Show“, ја нарече Гомез „болна“ и ја обвини дека ги „мрази“ САД.

„Таа не е добро. Очигледно се работи за нестабилна личност“, рече Кели. „Патем, секој што ќе земе телефон, ќе се расплаче и ќе објави видео од себеси во солзи е болен човек. Тоа е болно“, додаде таа.

„Сигурно била шокирана што воопшто се соочи со критики“

„Солзите се случуваат. Вообичаено се случуваат приватно. Доколку се случат јавно, мислам дека личноста треба брзо да продолжи понатаму и да се собере. Но, не ги разбирам оние кои се обидуваат да „исцедат“ солза повеќе за да изгледаат уште потажно. „Навистина сум тажна. Имам стотици милиони следбеници, но ја мразам оваа земја“, рече Кели.


„Таа го избриша видеото откако обожавателите ѝ дадоа до знаење дека поголемиот дел од земјата ги поддржува овие политики, но сигурно била шокирана што воопшто се соочила со критики“, заклучи Кели.

„Депортирајте ја Селена Гомез“

Потсетуваме, кандидатот за американскиот Сенат Сем Паркер беше првиот кој јавно повика на депортација на Селена Гомез, нагласувајќи дека, според неговите зборови, „не смее да има толеранција за поддржувачите на спротивната страна“.

„Депортирајте ја Селена Гомез. Селена Гомез избра илегалци наместо Америка. Таа е потомок на трета генерација мексикански илегални имигранти кои добија државјанство за време на амнестијата од 1987 година. Таа има пристрасен однос кон Америка, исто како и нејзините баба и дедо – илегалци“, рече тој во неговата објава.