Французинката Ана во емисијата „Seven to Eight“ изјави дека поверувала оти е во љубовна врска со Бред Пит, па така на оваа лажна ѕвезда ѝ испратила 830.000 евра, а дури и се развела поради него.
Таа добивала негови фотографии направени со помош на вештачка интелигенција. Измамникот тврдел дека му требаат пари за лекување на бубрегот и дека банкарската сметка му била блокирана поради бракоразводната постапка со поранешната сопруга Анџелина Џоли.
Ана, која по професија е декоратерка на ентериер и има тешкотии со менталното здравје, година и пол верувала дека навистина разговара со познатиот актер, а сфатила дека е измамена дури кога медиумите објавија дека Бред Пит е во врска со Инес де Рамон.
Педесет и три годишната жена прво била контактирана од лице кое се претставувало како мајка на Пит веднаш откако таа почнала да користи Инстаграм.
„Се прашувам зошто ме избраа мене за да ми наштетат. Никогаш никого не сум повредила. Овие луѓе заслужуваат пекол“, изјавила Ана.
Новинарот Хари Розелмак изјави дека телевизијата „TF1“ одлучила да го повлече овој прилог откако Ана станала жртва на потсмев на социјалните мрежи.