Аморим со спектакуларен гест се погрижи за ден од соништата за млад фан на Јунајтед

Дерби

30/12/2024

14:56

1.624

Големина на фонт

а а а

Рубен Аморим брзо сфати дека нема да му биде воопшто лесно како менаџер на Манчестер Јунајтед, но и покрај тоа што резултатите не одат онака како што замислува, Португалецот не го губи својот позитивен дух.

Доказ за тоа е и последната сцена која пристигнува од Карингтон центарот, каде менаџерот на првиот тим решил една обична средба со мал фан да ја направи специјална.

Покрај стандардниот автограм и направената фотографија, малиот фан добил ексклузивна тура во Карингтон центарот, сето тоа откако му порачал на Аморим дека му се допаѓа автомобилот кој го вози.

Рубен побарал од малиот фан да влезе во автомобилот и му овозможил неколкуминутно искуство за паметење, а сето тоа било снимена од мајката на малото момче.

Овој фантастичен гест на Аморим стана вирален на социјалните мрежи, а коментарите од фановите на Јунајтед се навистина позитивни.