[ВИДЕО] НБА се претвори во лига на улични тепачки, судијата Дејвис подели шест исклучувања

Дерби

30/12/2024

08:59

1.635

Големина на фонт

а а а

Жестокиот инцидент меѓу Јусуф Нуркиќ и Наџи Маршал го збогати трендот на се поголеми улични тепачки во НБА лигата, но рано утрово видовме уште поголема мешаница во американската кошаркарска елита, а истата ја иницираа Амен Томпсон и Тајлер Хиро.

Натпреварот меѓу Хјустон и Мајами имаше крајно тензична завршница во која видовме дури седум исклучувања, од кои шест беа поради директна инволвираност во хаосот кој настана на 35 секунди пред крајот.

Томпсон и Хиро влегоа во клинч и овој првиот го фрли на земја кошаркарот на Мајами, по што следеше вистински хаос на теренот во кој се вклучија и тренерите на двата тима.

Брзата реакција на обезбедувањето и неколку трезвени играчи од двата тима спречија да настане уште поголем инцидент, но сепак уличарското однесување го натера судијата Марк Дејвис да подели шест исклучувања.

Покрај двајцата инволвирани на стартот, исклучувања добија Џејлен Грин од Хјустон, тренреот Удока и неговиот помошник Саливан, како и играчот на Мајами, Тери Розие.

Во одвоен инцидент од овој што се случи во завршницата, предвреме испратен во соблекувалната беше и Фред Ванвлит.

И покрај цела мешаница, Мајами остана концентриран и успеа да ја одбрани предноста која ја имаше, па на крајот славеше со 100:104.