Познатата пејачка ѝ го честиташе роденденот на мајка ѝ, и призна: „Мајка ми ме „кршеше“ од ќотек“

Точка

16/12/2024

17:49

7.518

Големина на фонт

а а а

Латино дивата Џенифер Лопез јавно ѝ го честиташе роденденот на нејзината мајка Гвадалупе, која своевремено толку многу ја тепала што таа морала да го напушти семејниот дом.

Пејачката и актерка Џенифер Лопез неодамна објави низа фотографии на Инстаграм со нејзината мајка Гвадалупе „Лупе“ Родригез:

„Среќен роденден мамо. Те сакам многу. Ти благодарам што секогаш беше тука за мене“, напиша Џеј Ло, која сега е во добри односи со нејзината мајка, меѓутоа не секогаш било така.


Во документарниот филм на Нетфликс, „Halftime“, Џенифер истакна дека поради мајка ѝ морала да го напушти семејниот дом.

„Имав комплициран однос со мајка ми, постојано се каравме. Таа го правеше она што мораше и затоа е силна, но затоа беше и груба. Не тепаше, нè кршеше од ќотек“, рече пејачката, која има и две сестри.

„Не бев совршена мајка, но можам слободно да кажам дека направив сè во нивен најдобар интерес. Сакав да воспитам три девојки кои нема да зависат од мажите. Не сакав да ги критикувам, туку да им покажам дека „можат подобро“. Искрено Џенифер беше најлоша – своеглава. Со неа ми беше најтешко“, призна Гвадалупе во истиот документарен филм, а пренесува „Њујорк Пост“.

Очигледно, на нејзината ќерка не ѝ се допаѓале нејзините воспитни мерки, со оглед на тоа дека на 18-годишна возраст го напуштила домот за да го избегне малтретирањето и физичкото казнување.


Како што откри пејачката, најмногу се расправале поради тоа што таа го запоставувала училиштето поради танцот.

„Мајка ми мѝ рече: „Ако сакаш да живееш во оваа куќа, мора да учиш и да се школуваш“, вели Лопез.

„Една ноќ имавме жестока расправија и едноставно ги спакував работите и си заминав“, додаде таа.

За среќа, сега сето тоа е далечно минато, а желбата на Гвадалупе се исполнила: нејзината најтврдоглава ќерка навистина не зависи од маж, таа е богата и славна, а двете со текот на времето изградија хармоничен однос.