И после 17 години, само Наташа: Актерот Лијам Нисон толку многу ја сакал својата сопруга што избрал да ѝ остане верен дури и по нејзината смрт

Точка

16/12/2024

23:18

8.298

Големина на фонт

а а а

Љубов, доколку имате среќа, може да трае засекогаш. Сепак, многу почесто наидуваме на препреки на патот кои неочекувано нè разделуваат од луѓето кои најмногу ги сакаме.

Новиот филмски хит со Лијам Нисон предизвика голем интерес кај љубителите на акциските филмови, а поради овој филм повторно се зголеми интересот за актерот и неговиот приватен живот, како и тажната љубовна приказна на Нисон и Наташа Ричардсон.

Љубовта на Лиам Нисон и Наташа Ричардсон беше пример за многумина, но моментот на невнимание доведе до катастрофа и го остави вдовец со два мали сина.


По нејзината смрт, Нисон се посвети на работата и почна да снима филм по филм, оставајќи ја љубовта настрана. А за крајот на оваа година има уште еден адут во ракавот, акциониот филм „Прошка“, во кој неговиот лик се обидува да ги исправи гревовите од минатото.

Кога станува збор за љубовта со неговата почината сопруга, тој вели дека ни денес не би променил ништо, освен моментот кога таа го загубила животот во случајна несреќа и го оставила сам.

Ќерката на англиската актерка Ванеса Редгрејв и режисерот Тони Ричардсон, и сестра на актерката Џоли Ричардсон, почина на 18 март 2009 година како последица на трагична несреќа на скијалиште. Тоа се случило за време на зимскиот одмор кој таа го поминувала со своето семејство, а никој од нив во најлудите соништа не можел да замисли дека тоа ќе биде и последен пат да бидат заедно.


Нисон и Ричардсон се запознале во 1993 година на Бродвеј додека и двајцата глумеле во новата верзија на „Ен Кристи“. Хемијата меѓу нив не можела да се сокрие ниту на сцената, но тогаш не било баш сè идилично.

„Работата со него, тоа што се случуваше меѓу нас, но и медиумските написи за хемијата меѓу нас не придонесуваа за мојот тогашен брак, кој во тоа време се распаѓаше. Сето тоа беше лош тајминг Што можам да кажам во моја одбрана? Очигледно многу се заљубив“, изјавила тогаш актерката.

Во тоа време таа била во брак со Роберт Фокс, но не можела да одолее на шармот на Нисон, кој претходно ги завел актерките Хелен Мирен, Џулија Робертс и Брук Шилдс. Набргу по завршувањето на работата на претставата, тој заминал во Полска бидејќи го снимал „Шиндлеровата листа“.


Моментот кога сфатил дека ја сака

Вечерта пред нејзиниот 30-ти роденден, тој ѝ испратил порака во која на шега ѝ рекол: „Ме стигнуваш. Многу љубов, Оскар.“ Инаку, Оскар беше улогата на Лијам во „Шиндлеровата листа“, а пораката „ме стигнуваш“ алудирала на тоа дека тој бил 11 години постар од неа.

Таа порака ја импресионирала, па таа му одговори: „Дали пријател ми ја испрати поракава или…? Каков е статусот на нашата врска?’

Таа го освоила со својата директност, а дури подоцна тој призна:

„Од тој момент знаев дека ја сакам. Мислев – ова е нешто реално и вистинско и морам да го чувам.“


После тоа се качила во авион и заминала за Полска, а во јули 1994 година се венчале. Песната што ја одбележа нивната венчавка е „Crazy Love“ на Ван Морисон, која таа му ја отпеала.

„Таа одела на часови по пеење зад мојот грб. Под настрешницата, по церемонијата, пред да тргнеме на забавата, таа го зеде микрофонот и почна да ми пее.“

Последните моменти

Тие беа во среќен брак 17 години, и ги добија синовите Мајкл и Даниел, а потоа дојде 2009 година, кога семејството замина на одмор во Квебек, Канада и уживаше во радостите на снегот.

Бидејќи Ричардсон не знаела да скија, ангажирала учител и со него почнала да ги учи основите. Во еден момент на патеката за почетници, таа паднала и ја удрила главата.

Бидејќи не носела заштитна кацига, ударот на левата страна од главата бил премногу силен и предизвикал пукање на крвниот сад во мозокот, што на крајот се покажало како фатална повреда. Нисон се упатил кон својата повредена сопруга, која во тоа време сè уште била свесна, и му рекла: „Среќа, паднав во снегот“.

Иако итно била пренесена во болница, повредите биле претешки. Познатата актерка паднала во кома, а лекарите му рекле на Нисон дека ниедно чудо не може да ја спаси бидејќи мозокот ѝ бил мртов. Свесен за тоа, дошол до нејзиниот болнички кревет, ја фатил за рака и почнал нежно да ѝ зборува, велејќи ѝ дека ја сака:

„Љубов моја, за жал повеќе нема да се разбудиш. Ударот во главата беше пресилен. Не знам дали ме слушаш, но имам потреба да ти го кажам сето ова. Ќе се вратиш во Њујорк каде што ќе дојдат сите твои пријатели и семејството“.

Дури подоцна актерот откри дека тој и неговата сопруга се договориле доколку едниот од нив заврши во кома, другиот ќе биде доволно силен да ги исклучи апаратите што го одржуваат во живот. Нисон го одржал ветувањето. Машините биле исклучени, а нејзиното срце, бубрезите и црниот дроб биле донирани на други луѓе.


Откако Наташа починала, Лијам одлучил неговата тага да остане приватна и што подалеку од медиумите. Со години по несреќата тој не говорел за околностите под кои се случила несреќата, ниту пак давал било какви изјави во медиумите.

Меѓутоа, во 2016 година, актерот ѝ оддал почит на својата сопруга велејќи: „Велат дека најтешката работа на светот е да изгубиш оној што го сакаш“. Мојата сопруга почина неочекувано. Таа ми донесе толку многу радост. Таа беше моето сè“.

И покрај тоа што животот ги раздели, Лијам со големо внимание и заштита ги одбележува нивните брачни години, благодарен за љубовта која и двајцата ја чувствувале еден за друг.


„Тие 16 години колку што бев нејзин сопруг ме научи како да сакам безусловно. Треба да застанеме и да бидеме благодарни за постоењето на нашите сопружници. Затоа што еден ден, кога ќе го тргнете погледот од телефонот, нив веќе нема да ги има“, изјавил и признал дека, иако починала во 2009 година, болката за неа понекогаш може да биде многу силна:

„Никогаш не се помирив со нејзината смрт, ниту ќе се помирам. Сè уште во некои моменти, кога ќе слушнам како се отвора вратата, убеден сум дека таа ќе влезе и ќе ми каже нешто“, изјавил Нисон во интервјуто со Андерсон Купер за емисијата „60 минути“, потсетувајќи се на смртта на неговата сакана сопруга.


Нисам неодамна призна дека повеќе нема интерес за нови врски и нови љубови.