[ВИДЕО] „Поминав 100 часа во најбезбедниот град во Европа“: Место за кое не се зборува онолку колку што заслужува

Точка

15/12/2024

12:38

8.344

Големина на фонт

а а а

„Копенхаген е еден од оние градови за кои имам чувство дека не добива премногу внимание и дека за него не се зборува онолку колку што заслужува“, вели патописецот Роберт Дацешин, во неговата приказна за данската убавица.

Неговите приказни од различни места ширум светот многумина со нетрпение ги чекаат, а овој пат тој се реши своите следбеници малку подобро да ги запознае со данскиот главен град.





Копенхаген е основан во 12 век и е познат како град на неверојатна архитектура, најпознатиот писател на бајки – Ханс Кристијан Андерсен, физичарот Нилс Бор и најголемото данско пристаниште. Покрај тоа, тој е еден од најбезбедните градови во Европа, но и во светот, со исклучително ниска стапка на криминал. Еден од добрите примери за тоа колку е безбеден Копенхаген е фактот дека жителите ги оставаат своите велосипеди слободно на улиците, без потреба да ги заклучуваат.

Грандиозниот замок Розенборг, во кој се наоѓа круната на Кристијан IV, најважниот дански крал, како и бесценетиот кралски накит, е првата станица на Роберт, кој потоа ги води своите гледачи во понатамошно истражување на улиците, плоштадите и знаменитостите на овој прекрасен град на европскиот север.