[ФОТО] Ова е норвешкиот архипелаг каде секој може да се насели без виза, а умирањето е „забрането“

Точка

30/11/2024

17:41

4.645

Големина на фонт

а а а

Свалбард е леден, но неверојатно убав архипелаг лоциран далеку над Арктичкиот круг, земја која е покриена со снег во поголемиот дел од годината. Оваа островска заедница управувана од Норвешка е специфична по тоа што луѓето од целиот свет можат таму да се преселат без виза.

Под норвешка управа, Свалбард е исклучителен случај кога станува збор за имиграциската политика. Според Свалбардскиот договор од 1920 година, граѓаните од која било земја можат да живеат, работат и да го истражуваат архипелагот без потреба од виза или дозвола за престој.


Оваа политика на отворени врати секако го направи Свалбард уникатна дестинација. За разлика од повеќето места низ светот, Свалбард има исклучително јасна имиграциска политика: не се потребни визи.

Без разлика дали сте од Европската унија, Соединетите Американски Држави или од кое било друго место во светот, можете едноставно да ги спакувате куферите и да се упатите кон Свалбард без да се грижите за поднесување барање за виза или добивање дозвола.



Додека самиот Свалбард дејствува според оваа безвизна политика, стигнувањето дотаму обично вклучува поминување низ континентална Норвешка, а тоа за некои би можело да биде комплицирано: континентална Норвешка е дел од Шенген зоната, така што оние од земјите за кои е потребна Шенген виза, ќе треба да ја обезбедат за да можат да влезат во Норвешка.



За сите оние кои планираат да се преселат во Свалбард, важно е да се „самодоволни“ бидејќи нема многу работни места. Многу луѓе кои се преселуваат во Свалбард работат во туристичкиот сектор, работејќи како туристички водичи, хотелски персонал или на други работни места во угостителството.



Животот во Свалбард има свои предизвици. Имено околината е сурова, со зимски температури често под -20°C и долги периоди на темнина. Исто така жителите ќе доживеат 24 часа дневна светлина во текот на летните месеци, а домувањето може да биде ограничено и скапо.

Бидејќи Свалбард не нуди услуги за социјална заштита, здравствената заштита може да биде предизвик. Меѓутоа итната медицинска помош е достапна, но жителите мораат да ги покријат медицинските трошоци.


Повеќето жители на Свалбард склучуваат меѓународно здравствено осигурување за да имаат покритие во случај на неочекувани медицински трошоци.

Свалбард можеби е без визи, но оваа заедница не е без свои предизвици. Сепак, за оние кои ќе ги прифатат неговите предизвици, Свалбард може да понуди редок и незаборавен начин на живот.

Интересно е што луѓето на овој остров не смеат да бидат погребани по смртта. Вистинската причина е „пермафростот“ („вечен мраз“) – состојбата на замрзната почва, која го спречува распаѓањето на телото, па затоа мртвото тело може да биде голема опасност за луѓето кои живеат на овој остров, бидејќи може да дојде до ширење на разни болести.

Малиот град Лонгјарбиен на овој остров е едно од најсеверните населени места во светот, но болницата на ова место не е опремена за долготрајна нега на жителите. Доколку се случи некое лице да боледува од неизлечива болест или да претрпи сериозни повреди, тој се испраќа во копнениот дел на Норвешка.

Инаку во Свалдбард нема пензионерски домови, а според законот луѓето кои не се способни да се грижат за себе мораат да го напуштат островот.

Исто така, бремените жени се обврзани да го напуштат Свалбард 21 ден пред официјалниот термин, бидејќи болницата нема педијатри.