Не е изненадување дека Ботаника повторно блеска во новогодишна магична атмосфера! Овој ресторан стана препознатлив по нивната посветеност во создавање незаборавни искуства за своите гости. Секој агол на просторот е внимателно декориран раскажувајќи празнична приказна која ги грее душите и ги плени срцата.
“Нашата пракса е да негуваме динамика на постојано воведување новитети и збогатување на искуството на нашите гости. Тимот на @mmevents&crafts секогаш умее вешто да ја препознае нашата страст и со нивниот декор да ни ги покори срцата во сопствената куќа, создавајќи вистинска магија од Ботаника” вели Тилиќ Даниела, ко-сопственик и менаџер.
Декември е месецот на предновогодишни прослави, а програмата на Ботаника Урбана Кафана ќе ве понесе низ времето на старите познати ретро хитови кои ќе ве дигнат на нозе и ќе ве исполнат со позитивна енергија. Концептот по кој се издвојуваат се нивните вечери со DJ кои му го вратија старото добро диско на Скопје.
Дедо Мраз оваа година ќе ни ја донесе најдобрата дневна журка токму тука, во Ботаника. А нивниот тим ветува многу изненадувања и незаборавни мигови.
Комерцијален текст