[ФОТО] Богат, побогат, султан од Брунеј: Погледнете што има во гаражата

Точка

28/11/2024

23:15

5.957

Големина на фонт

а а а

Дали некогаш сте слушнале за изреката „богат како султанот од Брунеи“? Епа, еве како изгледа тоа, барем од автомобилска гледна точка.

Една од најегзотичните колекции на автомобили е во сопственост на султанот од Брунеј, Хасанал Болкиах, кој е на власт од 1968 година.


Не се знае точно колку автомобили има во овој возен парк (се претпоставува дека е неколку илјади), а повеќето биле на неговиот брат, но на крајот поради финансиски малверзации морал да и ги предаде на владата.

Долго време немаше информации за тоа што сè содржи колекцијата на султанот, но новиот Инстаграм профил „Brunei_cars_2001“ почна да објавува автомобили кои му припаѓаат на овој владетел.

Гледаме многу модели од "McLaren", "Ferrari", "Lamborghini" и слично, а кога ќе го отвориме профилот, на трите "пинувани" објави се прикажани модели на "McLaren" кои вредат околу 60 милиони долари.

Каде и да одите додека скролате, ќе наидете на неверојатни примери како стари колекции на "Bentley" или "Porsche 959".

Има "Bugatti EB110s", но и цела колекција на модели на "Ferrari" – меѓу нив различни верзии "F40", па дури и модел "LM".

Вкупно, профилот на Инстаграм кој ги објавува автомобилите на султанот има 99 објави, но речиси секоја од нив има повеќе фотографии одеднаш. Како што објави "Motor1 Argentina", овие фотографии ги објави лице поврзано со аукциска куќа.