[ФОТО] Евтин градски автомобил: Нови фотографии од кинеското електрично возило

Точка

04/12/2024

13:20

1.357

Големина на фонт

а а а

На интернет кружат „шпионски“ фотографии од нов евтин кинески автомобил.

Станува збор за нов модел на брендот "Firefly", кој всушност е основан од производителот "Nio". "Firefly" е наменет да понуди автомобили по пристапни цени, а со оглед на тоа дека се кинески, тогаш евтино навистина значи евтино.

Новите фотографии даваат малку подобар поглед на новото мало градско електрично возило. Димензиите се токму онакви какви што би очекувале од ваков хечбек, а кога се гледа од страна изгледа слично како "BYD Dolphin".


Инженерите од компанијата "Nio" добро сокриле како изгледаат предните и задните делови на автомобилот, па дури и ставиле лажни фарови.

Што се однесува до внатрешноста, новиот "Firefly" ќе има голем инфозабавен екран, а поставена е и дигитална инструмент табла.


За техничките спецификации нема многу детали, но се наведува дека ќе може да се менува батеријата на „станиците“ специјално определени за оваа намена. Автомобилот ќе се појави во Кина на 21 декември, но ќе се продава и во Европа, иако прашање е по која цена со оглед на зголемените царини.

Во Кина новиот автомобил чини од 13.500 евра, а интересно е што некои странски медиуми (како CarScoops) наведуваат дека новиот "Firefly EV" ќе чини од 30.000 евра па нагоре во Европа.