[ФОТО] Град со најмногу убиства на светот: Место на кое туристите не можат да очекуваат безгрижен одмор

Точка

27/11/2024

19:02

5.595

Големина на фонт

а а а

Локалните власти во овој град се соочуваат со бројни предизвици, и се обидуваат да го унапредат безбедносниот и социјалниот развој, меѓутоа не успеваат…

Кога станува збор за црната статистика, Мексико е дом на дури седум градови со најмногу убиства по глава на жител, а Колима е убедливо на врвот на светската листа со 140 убиства на 100.000 жители.


Помеѓу десетте најопасни градови во светот, заливот Мандела во Јужна Африка е единствениот надвор од границите на Латинска Америка, каде шверцот со дрога, шверцот на оружјето и конфликтите помеѓу бандите предизвикуваат несигурно секојдневие.


Колима

И покрај тоа што Колима е мал град, насилството и убиствата постојано се зголемуваат, пред сè поради наркокартелите кои се борат за доминација во светот на трговијата со дрога.




Поради честите судири и невините жртви кои често се наоѓаат во вкрстениот оган, кај локалните жители владее страв. Локалните власти таму се соочуваат со бројни предизвици, се обидуваат да ја промовираат безбедноста и социјалниот развој преку образование, економските иницијативи и програмите за спречување на криминалот, но организираниот криминал никако не можат да го победат.

Сиудад Обрегон

Мексиканскиот град Сиудад Обрегон, кој се наоѓа во јужниот дел на сојузната држава Сонора, го зазеде второто место на листата на најопасните градови во светот во 2024 година, со 117 убиства на сто илјади жители.



Титулата на еден од најопасните градови во светот му ја донесе насилството поврзано со картелите. Градот бележи зголемување на убиствата, киднапирањата и насилните судири помеѓу ривалските банди кои се борат за контрола на територијата, а полицијата не придонесува многу за чувството на безбедност и стабилност на жителите.

Порт-о-Пренс

Главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс е трет најопасен град во светот, пред сè поради конфликтот помеѓу бандите кои се борат за контрола на територијата, а бројот на киднапирања, убиства и сексуалното насилство е во пораст. Проблемите во градот дополнително ги влошуваат политичките конфликти, економските кризи и последиците од елементарните непогоди, поради што голем број жители живеат во небезбедни услови.



И покрај напорите на локалните власти и меѓународните организации за обнова на редот и подобрувањето на безбедноста, сеприсутното влијание на бандите длабоко влијае врз секојдневниот живот во Порт-о-Пренс. Различни организации активно работат на решавањето на социјалните проблеми, давајќи поддршка на ранливите групи и промовирајќи мировни иницијативи, меѓутоа без некои поголеми и значајни промени.