ВИДЕО: Вакво селфи не сте виделе досега, а направено е на доста необично место

Точка

10/11/2024

12:21

5.172

Големина на фонт

а а а

Литванскиот сателит направи селфи со навистина спектакуларни позадини, но сними и нешто што инженерите кои го контролираат не го очекуваа.

Селфито е вообичаен начин за себе-фотографирање, но кога е направено од сателит во орбитата на Земјата, тоа не е толку вообичаено.

Имено, литванскиот сателит "MP42" кој орбитира околу Земјата направи селфи благодарение на вградената камера и го испрати до центарот на компанијата "NanoAvionics" која го лансираше. И тоа само по себе е веќе вест, но уште поголема вест е причината поради која го направи тоа.

Сателитот имаше блиска средба со мал објект во орбитата, што остави дупка од 6 мм во соларниот панел на сателитот. За среќа, ударот и настанатата дупка не предизвикаа никакви тешкотии во работата на соларниот панел, а ниту во работата на самиот сателит.

"NanoAvionics" објави дека не се сигурни што точно ја предизвикало штетата. Тие велат дека тоа веројатно било мало парче вселенски отпад или микрометеороид. Интересно е што не се ни сигурни кога точно настанала штетата, затоа што на фотографијата која е направена пред 18 месеци нема оштетувања.


Сателитот "MP42" спаѓа во категоријата на мали сателити бидејќи тежи само 130 килограми, па има помали шанси за вакви судири. Но, поголемите сателити или Меѓународната вселенска станица се изложени на такви судири секој ден.

Компаниите кои ги контролираат сателитите се повеќе се принудени да вршат маневри за да избегнат парчиња вселенски отпад што се акумулираат во орбитата на Земјата. Според проценката на Европската вселенска агенција, има околу 130 милиони објекти со големина до еден сантиметар кои се сметаат за вселенски отпад. Иако мали, доколку удрат на вистинското место, можат да предизвикаат голема штета, па дури и да ја запрат работата на сателитот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг