[ВИДЕО] "Microsoft" и Ватикан: Соработка каква што малкумина очекуваа, а еве за што се работи

Точка

13/11/2024

15:03

995

Големина на фонт

а а а

Ватикан и "Microsoft" во понеделникот претставија дигитален близнак на базиликата Свети Петар. Еден од најважните споменици во светот се создава врз основа на вештачка интелигенција, при што Светата столица се обидува да управува со протокот на посетители и да ги идентификува проблемите со сочувувањето.

Користејќи 400.000 дигитални фотографии со висока резолуција направени со дронови, камери и ласери во текот на четири недели кога никој немало внатре во базиликата, на интернет е објавена дигитална реплика, каде што корисниците можат да доживеат вистинско интерактивно искуство, пишува "FastCompany".

„Тоа е буквално еден од технолошки најнапредните и најсофистицирани проекти од ваков вид што некогаш бил имплементиран“, рече претседателот на "Microsoft" Бред Смит на прес-конференција во Ватикан.

Проектот беше лансиран пред јубилејот во Ватикан во 2025 година, година во која се очекува повеќе од 30 милиони верници да поминат низ вратите на базиликата.

Дигиталната платформа им овозможува на посетителите да резервираат време за влез во базиликата, што е новитет за еден од најпосетуваните споменици во светот, пред кој обично има огромни редици туристи кои чекаат да влезат со часови.

Сепак, срцето на проектот е создавањето на дигитален близнак на базиликата Свети Петар со помош на напредна фотограметрија и вештачка интелигенција што му овозможува на секој да ја „посети“ црквата и да научи нешто за нејзината историја.

Станува збор за ултра прецизна 3Д реплика, а сликите веќе идентификувале структурни оштетувања и знаци на влошување, како што се исчезнати парчиња мозаик, пукнатини кои не се видливи со голо око.

Во понеделникот, папата Франциско им се заблагодари на тимот на "Microsoft" и на работниците во базиликата одговорни за проектот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг