Корона и срце: Кардилог открива 3 причини зошто прегледот после оваа болест е задолжителен

Точка

13/10/2024

12:42

6.209

Големина на фонт

а а а

Иако пандемијата COVID-19 во голема мера се повлече од секојдневниот разговор, овој вирус продолжува да има значително влијание врз здравјето, особено кај пациентите со постоечки кардиоваскуларни проблеми.

Многу луѓе кои го поминале корона вирусот продолжуваат да ги чувствуваат последиците по своето срце и васкуларен систем, а кардиолозите забележуваат зголемување на компликации поврзани со вирусот кај одредена група на пациенти. И поблагите облици на болеста можат да остават трага на срцето, што е причина за зголемена претпазливост и редовни прегледи.

Д-р Бојан В. Илишиќ, еден од водечките експерти за интервентна кардиологија објаснува зошто пациентите и по закрепнувањето од корона треба да се консултираат со кардиолог поради можни компликации.

-Иако сега речиси и да не се зборува за КОВИД, тој се уште е присутен, а предизвикува низа проблеми кај пациентите со кардиоваскуларни заболувања. Повторно бележиме пораст на заболените, а очекуваме и зголемен број на пациенти кои поради последиците од инфекцијата ќе мора да бидат прегледани кај кардиолог - истакнува д-р Илишиќ.


Според него, постојат три главни симптоми за кои пациентите треба да се консултираат со специјалист:

Зголемен замор - Многу пациенти се чувствуваат многу уморни, дури и месеци по болеста. Овој симптом може да укажува на оптоварување на срцето и послаба функција на мускулите кои пумпаат крв.

Нарушување на срцевиот ритам - Друг чест симптом е аритмиите, кои пациентите ги забележуваат како забрзан пулс, прескокнување отчукувања или неправилни отчукувања на срцето.

Отекување на нозете и болка во екстремитетите - Овие симптоми може да бидат знак за намален проток на крв или задржување на течности, што често е резултат на ослабена функција на срцето.


Д-р Илишиќ нагласува дека, и покрај фактот што поновите соеви на корона се поблаги, постинфективните компликации не треба да се земаат лесно.

- По сите бранови и различни соеви, стекнавме значително искуство во лекувањето на пациенти со кардиоваскуларни компликации поврзани со корона. Секој сој има свои специфики, но срцевите проблеми сè уште се присутни и бараат адекватен преглед и третман - нагласува тој и додава:


- Сите лица кои биле заразени со КОВИД-19 и ги имаат горенаведените симптоми, дефинитивно треба да се подложат на кардиолошки преглед, бидејќи навременото откривање на проблемот може значително да го намали ризикот од посериозни последици за срцето.