Камала Харис гостуваше во популарниот поткаст на Алекс Купер „Call Her Daddy“, каде што отворено зборуваше за важноста на семејството, љубовта и меѓусебната поддршка жените. Во опуштениот разговор, таа зборуваше и за својот модерен пристап спрема семејните односи и одговори на критиките зошто нема биолошки деца.
Во интервјуто Харис потенцираше дека ја сожалува гувернерката на Арканзас, Сара Хакби Сандерс, којашто минатиот месец на средбата со Доналд Трамп сугерираше дека Харис нема ништо што би ја направило да биде скромна со оглед на тоа дека нема биолошки деца.
„Жал ми е за неа и ќе ви кажам зошто. Бидејќи мислам дека таа не разбира дека постојат многу жени кои прво, не тежнеат да бидат скромни. Второ, голем број на жени имаат многу љубов во своите животи, семејства во своите животи, и деца во своите животи, и мислам дека е особено важно жените да се поддржуваат една со друга“, изјави Харис.
Одговори на критиките
Харис одговори на критиките на републиканците поради тоа што нема биолошки деца.
„Особено сум убедена дека секој од нас има свое биолошко семејство, но и семејство од љубов, а јас ги имам и двете. Го сметам тоа за вистински благослов“, додаде Харис.
Правото на абортус
Харис го искористи ова гостување во поткастот да го потенцира својот став во врска со правото на абортус, критикувајќи го Доналд Трамп, којшто на еден предизборен собир тврдеше дека жените „нема да размислуваат за абортус“ доколку тој победи. Исто така Харис ги отфрли тврдењата на Трамп дека демократите го поддржуваат „убивањето на бебињата по нивното раѓање“.
На многумина им беше интересен фактот што Харис се појави во ваков поткаст, којшто е познат по отворените разговори за сексот и љубовните врски, а оваа недела таа ќе гостува во неколку познати емисии како што се „The Howard Stern Show“ и „The Late Show with Stephen Colbert“.