Има 60 години и се уште изгледа совршено. Ѕирнете во планот за исхрана на Моника Белучи: дозволена е и тестенина

24Вести

03/10/2024

20:57

30.210

Големина на фонт

а а а

Последниот ден од септември, Моника Белучи го прослави својот 60-ти роденден, поубава и посреќна од било кога. На славната убавица и цветаат рози на сите полиња, од љубов до бизнис и таа е една од ретките познати дами чиј успех не се намалува со годините, туку напротив, расте.



„Среќен роденден драга Моника, со љубов, Тим“, напиша на Инстаграм Тим Бартон, нејзиниот партнер  споделувајќи ја насловната слика, која ја сподели и италијански Вог.

За Тим Бартон велат дека е најсреќниот човек на светот, но и таа е среќна покрај него бидејќи едноставно блеска со несмален интензитет, иако и времето не ја штеди. Која е тајната на совршениот изглед на една од најубавите жени на сите времиња?


Ако се согласила на некоја естетска корекција, тоа е направено толку добро што не се забележува. Сигурно наследила добра генетика, а Италијанките отсекогаш биле познати како расни убавици. Како изгледа диетата на Моника Белучи? Дали и таа сака тестенини, како сонародничката Софија Лорен, која исто така неодамна го прослави својот роденден, но деведесетти?

Седумдневната диета на Моника Белучи

На италијанската кујна тешко и се одолева, па Моника не крие дека ужива во традиционални јадења, како тестенини со пармезан. Јаде сè, претпочита разновидна исхрана, не си ги одрекува малите задоволства, а кога сака да ослабе едноставно ги намалува порциите. Стариот добар метод, често најефикасен.

Повеќето Италијанци не се грижат за калориите, иако правилото во таа земја е дека квалитетот е поважен од квантитетот. Затоа порциите се помали од, да речеме, во американските ресторани. Важно е храната, особено овошјето и зеленчукот, да бидат секогаш свежи, a на трпезата да има маслиново масло, сирење и добро вино. 

ПРВ ДЕН

Појадок: шолја кафе, неколку крекери со џем

Ручек: салата од свеж зеленчук со маслиново масло, парче леб од цело зрно, 150 грама бобинки

Вечера: шпагети со сирење, какво било овошје или зеленчук


ВТОР ДЕН

Појадок: јогурт, малку овошјe

Ручек: три пржени јајца (три белки и една жолчка), варени тиквички, парче леб од цело зрно

Вечера: 120 грама посно варено месо, салата од зеленчук или овошје


ТРЕТ ДЕН

Појадок: два тоста, овошје, шолја чај со парче лимон

Ручек: варени компири со маслиново масло и билки, сирење со малку маснотии

Вечера: шпагети со домати и зелен зеленчук, свежо овошје


ЧЕТВРТТИ ДЕН

Појадок: 200 грама јогурт со малку маснотии со една лажица корнфлекс

Ручек: 50 грама варен ориз, 100 грама варено говедско месо, 100 грама варени тиквички, бобинки

Вечера: 150 грама варена риба, салата од зеленчук со маслиново масло, грозје


ПЕТТИ ДЕН

Појадок: тост, 200 грама свежо исцеден сок

Ручек: шпагети со свежи билки, неколку коцки ананас

Вечера: салата од грав, варено јајце и кромид, парче хеба од цело зрно, овошје


Шестиот и седмиот ден повторете го менито од кое било од претходните.