[ФОТО] Убавата Албанка се прошета „гола“ и го „запали“ црвениот килим

Точка

18/09/2024

15:17

3.846

Големина на фонт

а а а

Пејачката Рита Ора по доделувањето на Еми наградите се појави на прославата на Дизни, и повторно изненади со својот смел изглед.


Британската пејачка со албанско потекло, секогаш кога ќе се појави на црвениот килим ги поместува сите граници, а сега отиде чекор понапред.

Имено, убавата пејачка се прошета во црна, модна комбинација, којашто се состои од два дела, а е потполно проѕирна освен делот којшто ги покрива градите.


Нејзината проѕирна сукња беше украсена со цветни мотиви, но начин што нејзиниот задник остана видлив, поради што на многумина не им се допадна оваа контроверзна модна комбинација на пејачката. Горниот дел од оваа комбинација имаше „пуф“ ракави, целото издание пејачката го надополни со елегантна фризура којашто наликуваше на постарите холивудски изданија.


Инаку, ова не е прв пат Рита Ора да се појави во провокативно издание, всушност таа секогаш се обидува да биде во центарот на вниманието, па така нејзините модни комбинации се честа тема на светските медиуми.