[ВИДЕО] Изабел Аџани глуми во новата серија на „Netflix“, гледачите коментираат: „Што ѝ е со лицето?“

Точка

10/09/2024

21:06

3.138

Големина на фонт

а а а

Во серијата на „Netflix“, „The Perfect Couple“, која во моментов е најгледана на оваа стриминг платформа, меѓу другото глуми и француската ѕвезда Изабел Аџани. Таа ја отелотвори Изабел Налет, пријателка на семејството.

Пред објавувањето на серијата, Изабел се огласи на социјалните мрежи и ја најави истата.

„Ви ја претставувам Изабел Налет“, напишала таа во описот.


Иако гледачите ја фалат нејзината изведба во серијата, многумина го воочиле и нејзиниот чуден изглед. Тие се прашуваат што се случило со нејзиното лице.

Беше прогласена за најубава актерка на светот

На убавината на Изабел многумина ѝ се восхитуваат откако се појави на малите екрани во седумдесетите. Таа ја понесе титулата на една од најубавите жени во светот. Пред повеќе од 15 години, „LA Times“ ја прогласи за најубава актерка на сите времиња.


Аџани сè уште е честа гостинка на црвените килими, а луѓето веќе некое време коментираат дека ја нарушила убавината со пластични операции и ботокс.

Обвинета за перење пари и затајување данок

На крајот на минатата година, актерката беше прогласена за виновна за затајување данок и перење пари. Покрај условната казна од две години, судот ѝ одреди и парична казна од 250.000 евра.

Аџани беше осудена бидејќи во 2016 и 2017 година лажно изјавила дека нејзиното примарно живеалиште е во Португалија за да избегне плаќање данок во Франција од 236.000 евра. Таа, исто така, прикрила донација од 2 милиони евра од сенегалскиот бизнисмен Мамаду Диагна Ндиаје што ѝ овозможило затајување на 1,2 милиони евра данок на трансфери.


Исто така, таа незаконски префрлила 120.000 евра од странска сметка на друга непријавена сметка во САД. Овие пари подоцна биле префрлени на нејзината сметка во Португалија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг