Фановите ја прозваа славната актерка поради слабиот изглед, таа им одговори: „Престанете, јас само се обидувам да преживеам“

Точка

29/05/2024

11:18

4.077

Големина на фонт

а а а

Во текот на подготовките за снимањето на нејзиниот нов филм „Stolen Girl“, популарната актерка Кејт Бекинсејл објави видео како испробува многу интересни ретро стилизирани кроеви и фризури, но нејзините следбеници забележале само една работа - нејзиниот слаб изглед.

Имено, актерката била принудена да се одбрани себеси откако добила многу негативни коментари на сметка на слабиот изглед, а некои дури и се загрижиле за нејзиното здравје, особено затоа што неодамна заврши во болница поради мистериозна болест.

Додека актерката изгледала воодушевено што се вратила на работа по неколкунеделниот престој во болница, коментаторите брзо го кажаа своето мислење за нејзиниот изглед.


„Жал ми е што го кажувам тоа, Кејт, но изгледаш малку слабо“, напишала една личност.

„Отсекогаш имаше совршено избалансирана тежина... Но кога ќе почнат да ти се гледаат јагодиците, балансот се губи“, истакнал друг коментатор.


„Го негував својот очув сè до смртта на почетокот на оваа година. И на мојата мајка ѝ се случува сè и сешто. Се привикнував да гледам како двајца татковци ми умираат. Еден кога имав 5 години, а друг во јануари оваа година“, возвратила Бекинсејл на критичарите.

За потсетување, во јануари оваа година 50-годишната актерка го загуби очувот Рој Батерсби по кратко боледување, а со јавноста сподели дека таа го пронашла телото на нејзиниот татко Ричард Бекинсејл, откако тој починал од срцев удар кога таа била дете.


„Исто така, минатата година ја загубив и мојата мачка, мојата сродна душа, со која бев речиси 19 години“, продолжила таа.

„Поминав шест недели во болница поради обилно повраќање со крв, што беше предизвикано од стрес кој ми направи дупка меѓу хранопроводот и желудникот“, истакна Бекинсејл.

Кејт објасни како се справила со болеста.


„Тоа придонесе за одредено губење на тежината. Не е важно што мислите за мојот изглед и како треба да изгледам, без разлика на околностите во мојот живот и животот на моето семејство. Се обидувам да го преживеам она за кое мислев дека се неподносливи загуби и реактивирано посттрауматско стресно растројство, а исто така работам и на издржување на семејството кое го оставив“, додала актерката.

Кејт му одговори и на еден коментатор кој напишал: „Те молам јади нешто. Те сакам, многу сум загрижен поради твојот слаб изглед“ и нагласи дека едноставно ѝ е „доста од тоа“.

Инаку, Бекинсејл за првпат ги откри своите здравствени проблеми на 11-ти март, на Денот на мајката во Велика Британија, споделувајќи неколку фотографии на кои носи голема црна панделка на главата и медицинска наметка додека лежи во болнички кревет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг