Да се најде лебарка во вашиот дом не е воопшто пријатна глетка. Првата мисла е дефинитивно да ги повикате стручњаците за дезинфекција, но има и други начини да се ослободите од нив.
Според Наташа Рајт, овластен ентомолог и технички директор во „Braman Termite & Pest Elimination“, борбата против лебарките не мора да вклучува груби хемикалии и токсини. Од нив може да се ослободите користејќи намирници кои секој од нас ги има во својот дом.
Талог од кафе
Талогот од кафе можете да го користите на различни начини. Се користи во градинарството, а често и како природен пилинг за тело. Но, можете да користите талог од кафе за да ги отстраните лебарките така што ќе им направите стапица, бидејќи лебарките ги привлекува мирисот на кафето.

Според Рајт, талогот треба да го ставите во мали чашки, а потоа да ги ставите во галони полни со вода. Галоните треба да се стават во близина на местото каде што сте ги забележале лебарките.
Сок од лимон
Рајт наведува дека сокот од лимон дава можност за елиминирање на слаткиот мирис, бидејќи лимонот содржи природни својства кои ги одбиваат лебарките. Потребно е да измешате неколку литри вода со две до три лажици сок од лимон и да ги исчистите површините на кои има лебарки.

Детергент за миење садови
Детергентот за садови е прилично силен отстранувач на дамки. но мешавина од вода и детергент за миење садови може да ги задуши и убие лебарките. Доволно е да измешате четири лажици детергент за садови во литар вода и да ги исчистите местата каде сте забележале леабарки.







