Ова е најбрзото комби на светот, а сега освои уште една патека

Модифицираниот „Mercedes-AMG GT3“ не го држел долго рекордот на патеката. Поразен е од електричното комби на „Ford“. Притоа поимот комби тука треба да се земе со резерва. Исто како што своевремено го доживувавме „Renault Espace F1“ со V10 мотор од Формула 1 болид, оној на Прост. Сега дојдоа некои други времиња па „Ford“ и во оваа радикална преработка се потпира на електрична енергија.