Олисе постигна мајсторски гол, Зидан „полуде“ и режираше вирална прослава
Мајкл Олисе имаше улога на „џокер“ за француската фудбалска репрезентација, која отпорот на Белгија успеа да го скрши дури во самата завршница од мечот во Брисел. Фудбалерот на Баерн претрча 50-тина метри и со одмерен удар го совлада Ламенс, а неговата мајсторија предизвика молк на трибините во Брисел. Зизу режираше прослава која експресно стана вирален хит на социјалните мрежи.








