„Германскиот Рим“: Шармантното гратче што треба да се открива чекор по чекор и со голтка по голтка пиво
Сместен во Горна Франконија, на реката Рекниц, Бамберг е град на средновековни улички, шарени куќи, барокни палати, мостови и стари пиварници. Тоа е еден од оние градови што можеби на прв поглед ќе ги потцените и ќе им посветите премалку време, а потоа ќе ви биде жал. Бамберг е сместен на седум ридови и поради тоа често го нарекуваат „франконски Рим“. Неговото историско јадро од 1993 година се наоѓа на Листата на светско наследство на УНЕСКО.








