Татко се обидел да го нападне 13-годишно дете со стаклен предмет

Макфакс

22/11/2026

16:15

93

Големина на фонт

а а а

Четириесет и петгодишен маж од делчевско село е кривично пријавен за семејно насилство врз своето 13-годишно дете, по инцидент во кој тој се обидел да го нападне детето со стаклен предмет и настанала физичка пресметка.

Четириесет и петгодишен жител на делчевско село е кривично пријавен поради сомнение за семејно насилство врз сопственото 13-годишно дете.

Според информациите од МВР, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднела кривична пријава против А.Л. (45) поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела – „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“.

Како што информираат од полицијата, на 7 ноември 2026 година, во семејниот дом во селото, пријавениот го навредувал своето 13-годишно дете.

Следниот ден, на 8 ноември, ситуацијата дополнително ескалирала, кога 45-годишникот се обидел да го нападне детето со стаклен предмет, по што настанала физичка пресметка меѓу нив.
Против пријавениот е поднесена соодветна кривична пријава.