Европската вселенска агенција избра мисија со седум летала за проучување на сончевиот ветер

Точка

22/11/2026

15:00

123

Големина на фонт

а а а

„Плазма опсерваторија“ ќе мери електрични и магнетни полиња и честички на седум места истовремено, за да покаже како сончевата енергија се пренесува низ магнетното поле на Земјата.

Членките на Европската вселенска агенција ја избраа „Плазма опсерваторија“ за следната мисија од средна класа. Седум летала ќе работат во формација и ќе мерат како енергијата од сончевиот ветер се пренесува низ магнетната околина на Земјата.

Сончевиот ветер е струја од наелектризирани честички што постојано доаѓа од Сонцето. Неговата интеракција со Земјиното магнетно поле може да предизвика поларна светлина, а при посилни нарушувања и проблеми со сателитите и електричните мрежи, наведува ЕСА.

Приказ на процесите во магнетосферата на Земјата

Приказ на процесите во магнетосферата на Земјата. Фото: НАСА / јавен домен. Кавер: Европска вселенска агенција / CC BY-SA 3.0 IGO.

Со мерења на магнетните и електричните полиња и на честичките на седум места истовремено, тимот сака да утврди како краткотрајните локални промени се поврзани со поголеми процеси низ магнетосферата.

Изборот ја отвора следната фаза на подготовка. Пред изградбата, мисијата треба да добие формално одобрение за целосна реализација. Лансирањето е предвидено кон крајот на 2030-тите.