Шест лица лишени од слобода, 14 сообраќајни прекршоци при полициска акција во Скопје

Макфакс

22/11/2026

14:39

209

Големина на фонт

а а а

Во Скопје се спроведе акциска полициска контрола при која шест лица беа лишени од слобода, додека беа откриени и 14 сообраќајни прекршоци. Акцијата имаше за цел да ја подобри безбедноста во централното градско подрачје преку засилени проверки и превентивни мерки.

Акциска контрола во Скопје

Шест лица биле лишени од слобода, а биле евидентирани и 14 сообраќајни прекршоци при синоќешната акциска контрола во Скопје, која траела до раните утрински часови, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Во периодот од 20 часот синоќа до 6 часот утрово, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Скопје спровеле акциска контрола, според претходно изготвен план за преземање засилени мерки и активности за одржување поволна безбедносна состојба во централното градско подрачје.

„При контролата извршени се проверки на идентитетот на 34 лица, извршен е преглед на 25 лица, а прегледани се и четири возила. За време на контролата констатирани се 14 прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Извршена е контрола во осум угостителски објекти и клубови за автоматски игри на среќа, приведени се две лица – странски државјани, а едно лице е приведено според член 15 од Законот за личната карта. Притоа, лишени од слобода се две лица за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а едно лице е лишено од слобода по член 297-а од Кривичниот законик. За време на акцијата полициските службеници спроведоа превентивни активности со непосредно присуство, постојани обиколки и повремени задржувања во паркот во Капиштец, лоциран на улицата „Народен фронт“ бр. 66, потоа на булеварот „Партизански одреди“ бб, како и кај игралиштето наречено „Дрвен град“, лоцирано на улицата „Славка Недиќ“, поради секојдневното собирање малолетни лица на дел од локациите“, појаснија од МВР.

Извршени биле проверки и во повеќе угостителски објекти, при што не биле забележани неправилности, односно не биле затекнати малолетни лица кои консумирале алкохол.

„Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови“, додадоа од МВР.